
Совршен ручек за зима: Вкусен рецепт за чорба од зелка што мора да го пробате
Чорбата од зеленчук е одличен избор за ручек или вечера во секое време од годината, особено во зима. Морковите, целерот и свежата зелка ќе бидат одлична основа за зимска чорба која треба да ја збогатите со извори на растителни протеини, како што е зелената леќа.
Препорачано
Дополнителна длабочина на вкусот на оваа чорба ќе обезбеди сечканата панцета или сланина, како и мисо пастата, која се карактеризира со концентриран солен вкус со ферментирани примеси на пикантност.
Чорбата од леќа и зелка ќе биде готова за околу 45 минути. Најдобро е да се служи со парче домашен леб, а по желба можете да додадете и малку густ грчки јогурт.
Состојки:
1 л супа од зеленчук
500 г свежа зелка
300 г печурки
200 г зелена леќа
100 г сланина
2-3 моркови
2-3 стебленца целер
2-3 чешниња лук
2 лажици мишо паста
1 кромид
сол и бибер по желба
растително масло по желба
густ јогурт за сервирање
Подготовка:
Сланината исечкајте ја на коцки и пропржете ја во загреано тенџере. Извадете ги пржените парчиња сланина и оставете ги на страна.
Во преостанатата маст пропржете ги сечканите печурки. Кога ќе добијат убава златно-кафеава боја, извадете ги од тенџерето и оставете ги на страна.
Во тенџерето по желба додадете малку масло и во него пропржете ги исечканите кромид, моркови и стебленца целер. Варете сè заедно околу пет до седум минути на тивок оган или додека зеленчукот не омекне.
Додадете го сечканиот лук и пржете сè заедно уште една минута.
Додадете ја мисо пастата и сè добро измешајте.
Содржината на тенџерето прелијте ја со супа од зеленчук. Во тенџерето додадете ја исплакната и исцедена зелена леќа и сечканата зелка. Испржените парчиња сланина и печурките вратете ги во тенџерето.
Гответе сè заедно околу половина час или додека леќата целосно не се свари. Посолете и бибер по вкус, а чорбата послужете ја со густ јогурт. Уживајте во вашиот оброк!