Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Советот за безбедност на ОН утре ќе се состане во врска со нападот со беспилотни летала во Полска
Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане утре за да разговара за упадите со беспилотни летала во полскиот воздушен простор, што полскиот претседател Карол Навроцки го опиша како обид на Русија да го тестира одговорот на Варшава и НАТО, објави Ројтерс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Состанокот на Советот за безбедност на ОН беше свикан на барање на Словенија, Данска, Грција, Франција и Велика Британија.
Полски борбени авиони Ф-16, холандски Ф-35, италијански авиони за надзор АВАКС и авиони за полнење гориво на НАТО учествуваа во операција за соборување беспилотни летала во полскиот воздушен простор во текот на ноќта меѓу 9 и 10 септември, кои дојдоа од правец на Украина и Белорусија, соопштија претходно официјални лица.
Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш изјави во парламентот на земјата дека досега се пронајдени остатоци од 16 беспилотни летала, како и дека полската логистичка поддршка за Украина во војната против Русија можеби била мотивација за упадите.
Вчера, НАТО го активираше Член 4 од Северноатлантскиот договор, според кој членовите на алијансата можат да побараат консултации со своите сојузници, доколку се заклучи дека нивниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“ е загрозен.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
28мин
-
33мин
-
51мин
-
51мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5