Советникот кој удри вработена во општина Кочани мора правно да одговара, вели Крстевски

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски вели дека советникот кој вчера удри со шише вработена во општина Кочани, мора правно да одговара. Тој во изјава за телевизија 24 додава дека постоечкиот Совет е цивилизациски пораз за Кочани.

„Според мене Акиов треба да ѝ се извини на Ана. Да сноси правна одговрност и да сноси последици, вели Крстевски.

За време на вчерашната седница на Советот на општина Кочани се случи инцидент меѓу советникот од Партијата за демократски просперитет на Ромите, Аки Акиов и советникот Васе Алексов од ВМРО-ДПМНЕ, при што Акиов, најверојатно сакајќи да го погоди Алексов, со шише удри вработена во општината. Градоначалникот Крстески и други советници спречија поголем инцидент, држејќи го Акиов да не дојде до Алексов.

По инцидентот, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваа меѓусебно и побараа одговорност за настанот.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препукуваат за инцидентот во Општина Кочани

Се огласија и од Партијата за демократски просперитет на Ромите од каде реагираат на едностраното претставување на инцидентот. Оттаму обвинија на долготрајна дискриминација и навреди кон нивниот сопартиец Аки Акиов од страна на советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васе Алексов, за што, како што велат, веќе е поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот