Советниците во Ѓорче Петров гласаа за нова спортска сала, улици, градинка

Фото: Општина Ѓорче Петров

Нова спортска сала во основното училиште во Хром, како и 42 милиони денари за реконструкција на улици и проектирање нова детска градинка во Даме Груев се само дел од проектите кои беа изгласани на денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров.

Од Општината велат дека Советот позитивно се изјаснил за новите развојни проекти што треба да донесат значителни капитални чекори во општината. Освен тоа, на седницата се  разгледаа и се изгласаа проектите „Пешачка патека со улично осветлување“ која ќе се протега од Волково до Орман во должина од 2 км, како и ново улично осветлување на улицата Радушка. Се планира и реализација на нови јавни повици во спортот и културата кои на транспарентен начин ќе донесат нови проекти за сите ѓорчепетровци.

Ова е правилната насока по која се движиме и работиме исклучиво за јавното добро. Ништо нема да не поколеба по патот на чесноста и домаќинското работење се до конечно урбанизирање на Ѓорче Петров, рече градоначалникот Александар Стојкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот