Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

ВИДЕО| Сопругата на Род Стјуарт откри шокантни детали од нивниот брак: „Ги скршив сите чинии, се склопчиив и плачев“

Пени Ланчестер (54), сопруга на Род Стјуарт (80), зборуваше за животот во нивниот семеен дом. Искрено и без двоумење, таа сподели некои многу лични детали во поткастот на популарното британско шоу „Опуштени жени: Поткаст“ (Loose Women: The Podcast).

Таа беше интервјуирана од Пру Лит (85), позната готвачка и писателка и поранешна членка на жирито во популарното шоу „Одлично Британско Печење“ (Great British Bake Off). Лит ja замоли Пени Ланчестер и уште еден гостин, пејачот Колин Нолан, да ги споделат своите најголеми „кулинарски катастрофи“.

„Мојата најголема катастрофа не беше директно поврзана со готвењето, туку со храната што заврши насекаде низ кујната“, рече Ланчестер, која живее на имот во Есекс со својот сопруг и синовите Ајден (13) и Алистер (19).

„Беше за време на карантинот. И не сфатив дека минувам низ менопауза“, искрено рече таа.

„Мислев дека страдам од депресија поради сè што се случуваше. Подготвив вечера за мојот сопруг и синовите. Ги повикав неколку пати да дојдат на масата … Знаете како оди тоа, секогаш трае цела вечност за појадок, ручек, вечера. Бев уморна што никогаш не доаѓаа веднаш. Кога конечно влегоа во кујната, се скршив. Буквално ги зедов чиниите, плачев и ги фрлав по целата кујна. Вечерата заврши на ѕидовите, а јас се склопчив на подот и плачев“, рекла таа.

Таа откри и како реагирал нејзиниот сопруг.

„Род рече: „Луѓе, пуштете ја мама, дајте ѝ малку простор.“ Потоа дојде до мене и ми рече: „Извини, душо. Добро ли си?“ Синовите се вратија и сите помогнаа да се исчисти, се извинија и повторија колку им е жал“, рече таа.

Откако и таа почнаla да се извинува, Род ѝ рекол: „Треба да ти најдеме доктор. Ова не е мајката што ја знаеме, ова не е Пени, тука се случува нешто повеќе од твоите грижи за карантинот.“

„Се покажа дека се работи за симптоми на менопауза. Сè едноставно изгоре. Така изгледаше мојата катастрофа со вечерата“ рече Ланкастер.

Пени, поранешна манекенка, го запознала познатиот музичар во 1999 година, а се венчале во 2007 година. Покрај синовите Алистер и Ајден, Род има и ќерка, Сара, со поранешната девојка Сус Бафет, ќерка, Кимберли, и син, Шон, со првата сопруга Сара Ститер, ќерка, Руби, со поранешната девојка Кели Емберг, и Рене и Лиам, со втората сопруга Рејчел Хантер.

Сите се во добри односи и цврсто поврзани како „заедничко семејство“, вклучувајќи ги и поранешните сопруги и партнерки.

Ова беше јасно видливо на свадбата на неговиот син Лиам минатата година во Хрватска. Лиам се ожени со Никола Артуковиќ, Американец од хрватско потекло, а на раскошната свадба во Дубровник присуствуваа сите деца на Род.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот