Фото: EPA/MICHAEL NELSON

ФОТО| Сопругата на Брус Вилис проговори за семејниот животот по дијагнозата на актерот: „Бев преплашена“

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, за првпат јавно откри како се чувствувала кога на нејзиниот сопруг му била дијагностицирана деменција. Холивудската ѕвезда изгради кариера кон крајот на 80-тите, а најпознат е по улогата на Џон Меклејн во серијата „Умри машки“.

Обожавателите на актерот беа во шок кога во 2022 година, тој мораше да се повлече од јавниот живот поради сериозни здравствени проблеми.

Тешка дијагноза и прогресија на болеста

Првично му била дијагностицирана афазија, нарушување кое влијае на способноста за зборување и разбирање на јазикот. Само една година подоцна, пристигнале уште потешки вести – му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција, форма на деменција која предизвикува промени во личноста, опсесивно однесување и тешкотии во говорот. Моментално нема лек за болеста, ниту начин да се запре нејзиното напредување.

Емоционално потсетување на моментот на дијагнозата

Ема Хеминг Вилис, со која актерот е во брак 16 години, сега за прв пат проговори пред камера за моментот кога ја слушнала неговата дијагноза. Во интервју со новинарката Дајан Сојер за телевизијата „Еј-би-си“, таа  откри:

„Бев преплашена и се што се сеќавам е дека откако го слушнав тоа, потоа не слушнав ништо друго. Се чувствував како да паѓам“. Ова е темата на нејзината претстојна книга, симболично насловена како „Неочекувано патување“.

Двојката има две ќерки заедно, Мејбл Реј (13) и Евелин Пен (11). Вилис има уште три ќерки од првиот брак со актерката Деми Мур – Румер (37), Скаут Лару (34) и Талула Бел (31).

„Бев беспомошна“

На својата веб-страница, Ема опиша колку тешко ѝ било да ја прифати улогата на старател:

„Привите денови, се изолирав. Се чувствував беспомошна, како да немав контрола врз тоа што се случуваше со моето семејство. Во исто време, се справував со тага, губење на живот каков што го знаев, сето тоа додека ги одгледував нашите две мали ќерки.“

Таа додаде дека со текот на времето сфатила дека не може да дозволи новата реалност целосно да ја проголта:

„Сфатив дека може да ме проголта ако дозволам. Тогаш побарав помош.“

Тие решија јавно да ја објават дијагнозата на Вилис, а јавниот одговор ги изненади со својата топлина и поддршка.

„Бевме пречекани со излив на љубезност и поддршка. Јавното обраќање се покажа како вистинска одлука за нашето семејство од многу причини: за намалување на стигмата, за подигање на свеста и, за мене лично, за поврзување со пошироката заедница“, рече Ема.

Таа побара помош

Таа признава дека посакува порано да имала храброст и да побарала помош:

„Сè се промени кога ги најдов вистинските информации, ресурси и заедница на која можам да се потпрам. Почнав да сфаќам дека, дури и во мојата нова улога како грижлив партнер, сè уште ја имав својата сила. И со тоа, почнав да наоѓам радост, да гледам убавина и да бирам надеж.“

Затоа таа одлучи да ја напише книгата – за да им помогне на другите кои се наоѓаат во слична тешка ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот