Сопруга на српски репрезентативец кој игра во САД шокира со коментарите: Полицијата треба да ве тепа повеќе

Сопругата на Александар Катаи кој настапува за екипа на Чикаго во САД, Теа, предизвика лавина коментари на социјалните мрежи по радикалните ставови за протестите во САД.

Теа Катаи бара од полицијата во САД да ги тепа демонстрантите.

„Зашто полицијата не ве тепа посилно, стока смрдлива“, напиша Теа Катаи покрај сликата каде тројца демонстранти Афроамериканци тепаа постара жена белкиња.

Таа исто така под сликата на која се гледа како една жена Афроамериканка излегува од продавница на Најки искоментира „Black Nike Matters“, а исто така и дава голема поддршка за полицијата.

Острите реакции на социјалните мрежи ја натераа сопругата на фудбалерот да се обрати во јавноста.

– Мојот став нема врска со виситнските причини за протестите. Не сум расист, ниту политиката ме интересира. Имам пријатели од сите раси, политички убедувања и му дозволувам на секој да каже што мисли. Јас сум против разбувањето на излозите и тепачките со полицијата. Јас сум во петтиот месец на бременоста и состојбата е таква да не смеам да излезам на прошетка. Исто така повеќе не сум сигурна дека сме безбедни и во домовите. Можеби бандитите ќе почнат и тука да ни влегуваат. Ова што се случува во САД е страшно, некои го искористија проблемот со убиството на Џорџ Флојд за да дивеат. Едноставно ми се смачи да гледам насилство и затоа ја поддржав полицијата – изјави Теа Катаи за српски „Курир“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!