Парк / Фото: МИА

Сончево со пад на дневните температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд, со ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец, попладне вдолж Повардарието ќе се засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 33 Целзиусови степени: Скопје 28, Маврово и Охрид 26, Крива Паланка и Берово 27, Битола 30, Кавадарци 32, Дојран 33.

Временската прогноза за утре е сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика намалување на дневните температури: Скопје 27, Маврово 22, Охрид 24, Битола и Кавадарци 32, Крива Паланка 27, Берово 26, Дојран 34.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот