Сончево време/ Фото: Архива на Слободен печат

Сончево и мирно време со летни температури

Метеоролозите за денеска најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во дел од планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје се очекува слично време со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Топлото време ќе се задржи и следните денови. Во понеделник во попладневните часови во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи и ќе дува слаб до умерен северен ветер, којшто веќе од вторник ќе го промени правецот во јужен. Од четврток веќе се очекува извесно зголемување на облачноста, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот