Собранието го одбележа октомври – светски месец за борба против ракот на дојката

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска преку собраниската говорница предложи Парламентот да го одбележи месецот на борба против ракот на дојката. Таа рече дека Октомври е светски месец за борба против ракот на дојката и дека во знак на поддршка и македонското собрание треба да го одбележи.

– Месец октомври е месец за борба против ракот на дојката. Според светската статистика на една од осум жени и се дијагностицира канцер на дојка, а тоа значи дека на секој три минути имаме по една жена на која и е констатирана таква болест. На секои 13 минути по една жена ја губи битката со оваа болест. Предлагам во оваа битка да стоиме заедно и сите да носиме розеви панделки. Во борбата против ракот на дојката ќе стоиме сите пратенци заедно. Да го обоиме собранието во розово, рече Пешевска.

Ваквиот предлог во собранието помина со аплаузи. Спикерот Талат Џафери рече дека овој предлог ќе биде прифатен од сите пратеници без гласање.

– Имајќи во предвид дека иницијативата е хуманитарна, се прифаќа. Не е битно кој го дал предлогот дали власта или е од опозицијата, битно е да е од пратеник, рече Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот