Премиерата на „Грофот од Монте Кристо“ е во рамки на гала вечер во „Синеплекс“

Со премиера на филмот „Грофот од Монте Кристо“ почнува Месецот на Франкофонијата

Премиерата на филмот „Грофот од Монте Кристо“ (2024), која ќе се одржи на 7 март, со почеток во 19 часот, во киното „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“, ќе го означи почетокот на Месецот на Франкофонијата во организација на Францускиот институт во Скопје.

Гала филмската вечер свечено ќе ја отвори Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција. По премиерата, филмот ќе се прикажува на редовниот репертоар во „Синеплекс“ од 8 март.

Филмот „Грофот од Монте Кристо“, во режија на Матјe Делапорт и Александар де Ла Пателиер, со Пјер Нинe, Бастиен Бујон и Анаис Демустје во главните улоги, за првпат беше прикажан на минатогодишното издание на Канскиот фестивал, надвор од конкуренција, а има повеќе од 10 милиони продадени билети само во Франција во 2024 година.

Француските медиуми за филмот напишаа: „Сцените се нижат пред очите на гледачот, небаре страници од роман од кој не сакаме да пропуштиме ниту една испишана реченица.“ (Ле Монд); „Апсолутен успех е оваа нова адаптација на уште еден роман на Александар Дима. Универзална и популарна приказна за одмазда, на која актерите, предводени од Пјер Нине, ѝ даваат вистинска драматуршка длабочина.“ (Ла Воа ди Нор); „Филмот трае речиси три часа, но додека трае оваа приказна, возбудата не спласнува. Исклучителниот актер Пјер Нине е актер-камелеон, Бастиен Бујон, Анаис Демустје и Лоран Лафит се извонредни, а Анамарија Вартоломеј има магнетна привлечност.“ (Ле Паризиен).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот