
Со откажувањето на настапот на Австралија опен, Наоми Осака најави повлекување од тенисот?!
Јапонската тенисерка не одиграла ниеден меч од минатиот септември, а нејзиното неучество на Австралија опен ги разгоре гласините дека повеќе нема да ја видиме на терените
Наоми Осака не одиграла тениски меч од септември, а нејзиното неучество на Австралија опен 2023 предизвика загриженост дека поранешниот светски рекет број 1 можеби никогаш повеќе нема да се појави на теренот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Објавите на Осака на социјалните мрежи во изминатите неколку месеци покажаа дека таа патува низ Европа со нејзиното момче. Но, нема вести дека Јапонката го минува времето на тренинзи, што ги поттикна шпекулациите дека тениската кариера на четирикратната грен-слем шампионка може да заврши на 25-годишна возраст.
Осака претходно откри дека има проблеми со менталното здравје и страда од депресија.
Таа ја помина цела 2022 година надвор од топ 10, претрпе порази во првите кола на Отвореното првенство на Франција и на САД опен, а се повлече од Вимблдон поради повреда.
Осака беше прогласена за спортистка со најголема заработувачка во светот за 2022 година од страна на „Форбс“, со заработени 51,1 милиони американски долари, иако нејзината тениска кариера е во надолна линија.