Плакат за настанот „Брз е векот“ во ДПМ

Со настанот „Брз е векот“, ДПМ ќе чествува четири јубилеи на македонски писатели

Друштвото на писателите на Македонија со организацијата на настанот „Брз е векот“ ќе одбележи четири јубилеи за четворица автори, некогашни членови на ДПМ, кои живееле и твореле во изминативе стотина години.

На настанот ќе бидат чествувани јубилеите на Ката Мисиркова-Руменова (95 години од раѓањето), Живко Чинго (90 години од раѓањето), Ташко Георгиевски (90 години од раѓањето) и Тодор Чаловски (80 години од раѓањето).

Одбележувањето на јубилеите ќе се одржи на 5 јуни, во Друштвото на писателите на Македонија, со почеток во 12 часот, а на животот и делото на овие автори ќе потсетат и извадоци од нивни дела ќе прочитаат поетите и писатели Славе Ѓорѓо Димоски, Гоце Ристовски, Љубинка Донева и Марина Мијаковска.

Одбележувањето на јубилеите ќе биде отворено и затворено со музички настап на Марија Ристовска и Вегим Кучи, студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот