
Со изведување на дополнителни докази продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска е закажано ново рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На минатото рочиште Обвинителството изведуваше дополнителни докази, меѓу кои и снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев.
Препорачано
Обвинителството смета дека според снимките се потврдило дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања. На снимките е видливо дека Манев става лопата во автомобилот „рено кангу“.
Обвинителкската Жаклина Трајковска на минатото рочиште рече дека Обвинителството и натаму останува на ставот дека мотивот за убиствата е користољубие.
„Апсолутно во случајов се работи за користољубие. Од самиот почеток до извршувањето на делата, обвинетите заедно се договорале и се кородинирале да ги преземат сите дејствија со цел да си остварат користољубие. Со убистовто на Вања се докажува дека сите заедно ги презеле дејствијата, само заради таа причина“, рече Трајковска.
На снимките се гледаше како тие изнесуваат предмети од „реното“ и ги внесуваат дома кај Манев – кеса, торбичка, две туби…, ги тестираат радиостаниците, носат слушалки и микрофони, ставаат ракавици… Откако ги завршиле подготовките Палевски и Кешишев со „рено кангуто“ се враќаат во Скопје, а Манев и Видевски остануваат во Велес. Според снимките, Палевски и Кешишев рано изутрината повторно доаѓаат пред куќата на Манев, од каде четворицата тргнуваат да го киднапираат и да го убијат Панче Жежовски.