20 March 2025. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Со два автомобили и полициска придружба предметот за трагедијата од Кочани патува кон Скопје

Со два автомобили и полициска придружба од Основниот суд во Кочани се транспортира предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 62 лица, а над 200 беа повредени, соопшти претседателот на Апелациониот суд-Штип, Тони Делев во изјава за МИА.

– Од Основниот суд во Кочани заедно со сите списи и докази, коишто се приложени се носат во Основниот Кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија и таму ќе биде предаден на службите за понатамошна постапка – вели Делев.

Тој додава дека станува збор за обемен материјал, а доказниот материјал е сместен во две возила.

– Понатаму ќе одлучува Основниот Кривичен суд Скопје, ќе се оценува актот, веројатно тука ќе има приговори, ќе се спроведе цела постапка како што предвидува Законот, рече Делев.

Инаку, во истражната постапка за предметот „Пулс“ беа ангажирани сите судии во Основниот суд во Кочани, еден од Виница, тројца судии од Основниот суд во Штип и сите судии од штипска Апелација за жалбените постапки и решенијата за притвор. Во овој предмет опфатени се 34 лица и три правни субјекти.

Мицкоски: Нема да ја коментирам истрагата за трагедијата во Кочани за да не влијаам на постапката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот