Шар Планина (фото: Архива)

Со армиски хеликоптер евакуиран планинар кој паднал во провалија на Шар Планина

Во координирана спасувачка акција со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија вчера попладне изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер на тешко повредено лице од непристапен терен во близина на Ливадичко езеро на Шар Планина.

Според информациите, лицето паднало во провалија и се здобило со сериозни повреди, скршеници на раката, ногата и колкот, како и обилно крварење, поради што било во животозагрозувачка состојба.

На терен интервенирал тим од парамедици кои, и покрај тешките услови, успеале да го извлечат и имобилизираат повредениот. Потоа, хеликоптер од ВИНГ (воздушни сили на Армијата) го пренел до првата достапна точка, каде што го презела екипа од итната медицинска помош за понатамошен болнички третман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот