Пожар Универзална сала/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Со 20 милиони евра ќе се обновува Универзалната сала

Министерот за култура Зоран Љутков денеска соопшти дека до крајот на неделата ќе биде распишана јавна набавка за почеток на реконструкцијата на изгорената Универзална сала за која ќе се одвојат 20 милиони евра, а според министерот, треба да биде готова и пуштена во употреба до крајот на 2027 година

-До крајот на неделава ќе биде распишана јавна набавка и почнуваме со изградба на Универзална сала. Според динамиката која што ја имаме определено во делот на буџетот, би требало да заврши до крајот на 2027 година, рече Љутков.

Тој дополни дека за целосната реновација се одвоени 20 милиони евра, кои ќе бидат распределни од Буџетот во три години години.

-Процесот трае околу 60 дена. Ќе го распишеме тендерот и очекуваме од петок сега на 1-ви август до крајот на септември ќе ги отвориме понудиме и ќе почнеме со процесот на реконструкција, истакна Љутков.

Универзална сала се запали и целосно изгоре лани на 9 април, кратко по почетокот на градежните работи за нејзина реконструкција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот