
Словенија врати албански пиперки, имале многу пестициди
Словенечката компанија „Геапродукт“ неделава ги повлече од продажба црвените пиперки со потекло од Албанија поради превисока концентрација на пестицидите ацетамиприд, формат и флоникамид.
Препорачано
Според словенечките медиуми, пиперките првично биле спакувани во картонски кутиии, а потоа во пластични кеси.
„Поради вишокот пестициди, производот не треба да се консумира. Лицата кои биле во контакт со контаминираната храна треба да ги измијат рацете“, соопштила компанијата.
Исто така ги замолила клиентите да го вратат производот на местото од каде што го купиле, но, доколку тоа не е можно, треба да го фрлат во биолошки отпад.
Деновиве Хрватска уништи четири тони домати произведени во Албанија, откако било утврдено дека биле испрскани со хлорфенапир, и тоа со петпати поголема количина од дозволената со овој отров кој ги убива инсектите.
Претходно, пак, Хрватска и Босна и Херцеговина уништија десеттина тони праски увезени од Албанија, бидејќи во ова овошје е пронајдено високо присуство на тешкиот метал никел, кој може да предизвика канцерогени заболувања и да го загрози здравјето на луѓето.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
24мин
-
39мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5