Словенија со само еден новозаразен за 24 часа

Изминатите 24 часа нема починати лица како последица од Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 60.000 тестирања.

Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата се направени 1055 нови тестирања за коронавирусот, а позитивно било само едно лице.

Ова претставува намалување во споредба со вчера кога беа откриени три новозаразени.

Намалување има и на бројот на хоспитализирание лица поради Ковид-19, па така во медицинските центри во земјата сега болнички се лекуваат 52 лица, а 13 пациенти поради потешка форма на болеста се сместени во одделенијата за интензивна нега.

Вчера од болница беше отпуштен уште еден пациент, со што вкупниот број оздравени кои биле хоспитализирани сега изнесува 247.

Изминатите 24 часа нема починати лица како последица од Ковид-19.

Во Словенија досега се направени вкупно 60.000 тестирања за коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот