фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Словачкиот голман Дубравка го напушти Манчестер јунајтед

Словачкиот голман Мартин Дубравка го напушти Манчестер јунајтед, објавено е на официјалниот сајт на клубот.

Дубравка во септември 2022 година дојде на „Олд Трафорд“ на позајмица од Њукасл за 2,3 милиони евра, а клубот од „Сент Џејмс Парк“ реши да го врати во своите редови.

Искусниот чувар на мрежата одигра само два натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“, во Лига купот на Англија против Астон Вила (4:2) и Барнли (2:0).

Пред да дојде во Англија, Дубравка го носеше дресот на Жилина, Есбјерг, Слован и Спарта од Прага.

Јунајтед е моментно четвртопласиран во Премиер лигата со 32 бода, а два повеќе има Њукасл на третата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот