Словенска граница/ Фото: ЕПА

Словачка регистрира повеќе од 7.000 преминувања на границата од Украина

Само во првиот ден од руската инвазија врз Украина соседна Словачка регистрирала повеќе од 7.000 гранични преминувања од украинска страна, јави ДПА.

Словачкото Министерство за внатрешни работи денеска информира дека од средата до денеска 7.490 украински државјани ја минале границата, што е пет пати поголем проток на луѓе од редовниот број на премини, околу 1.400 дневно.

Од сите што ја минале границата само 14 лица официјално поднеле барање за азил, соопшти Министерството, а тие биле сместени во бегалскиот камп Хумен во близина на границата.

Словачкиот конзервативен премиер Едуард Хегер, заедно со министерот за внатрешни работи Роман Микулец, денеска беше на граничниот премин „Вишне Немецке” од каде истакна дека неговата земја е подготвена да им помогне на бегалците.

ВО ЖИВО | Втор ден од руските напади врз Украина, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот