Сергеј Андреевски / Фотографија: Боро Грдановски

Сликарот Сергеј Андреевски ќе има перформанс во Националниот музеј „Секели“ во Романија

Во Националниот музеј „Секели“, во градот Сфанту Георге во Романија, на 22 мај (четврток) ќе се одржи сликарски перформанс на македонскиот сликар Сергеј Андреевски.

Целта на настапот е публиката да се доближи не само до светот на уметникот, туку и до неговата татковина, Македонија, а настанот е дел од низа активности со коишто Националниот музеј „Секели“ годинава одбележува 150 години од формирањето.

Перформансот на Сергеј ќе биде музички придружуван од Миклош Деметер, познат етнограф и изработувач на музички инструменти.

Пред патувањето во Романија, Андреевски изјави: „Исклучително голема е честа што сум поканет со свој авторски печат да дадам придонес кон одбележувањето на еден значаен јубилеј во Европа!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот