Плакат за изложбата „Љубовници во пандемија“ во Истанбул

Сликарката Јана Манева-Чупоска со самостојна изложба се претставува во Македонскиот културен центар во Истанбул

Македонската ликовна уметница Јана Манева-Чупоска на 27 ноември со цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“ ќе се претстави со изложба во Македонскиот културен центар во Истанбул, Турција.

Насловот на изложбата има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави и колажни експерименти авторката Јана Манева-Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во време на корона-кризата, но и покрај официјалното завршување на пандемијата, истата кај човекот остави длабоки психолошки траги на страв и несигурност.

Изложбата се состои од триесетина дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника молив, јаглен, акрил и темпера и еден диптих во поголем формат изработен во техника акрил.

Изложбата е финансирана од Министерството за култура и туризам на РС Македонија како изложба од национален интерес за 2024 година, известија од ДЛУМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот