Авион на аеродром/ фото:EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Слеп патник пронајден покрај авионско тркало, преживеал лет од 11 часа

Холандската полиција соопшти дека пронашла жив слеп патник во делот на авионот каде што се наоѓа тркалото, а кој слетал на аеродромот Схипхол во Амстердам патувајќи од Јужна Африка, пишуваБи-Би-Си.

Летовите од Јоханесбург до Амстердам траат околу 11 часа, а се претпоставува дека товарниот авион имал едно застанување, во Најроби, Кенија.

Многу е невообичаено слепи патници на долгите летови да преживеат поради студот и слабиот кислород на големите височини.

Возраста и националноста на мажот се уште не се утврдени, велат од полицијата.

– Човекот е пронајден жив во предниот дел на авионот и е пренесен в болница во стабилна состојба. Многу неверојатно е што човекот е сè уште жив, изјави портпаролката на холандската кралска воена полиција, Џоана Хелмондс.

Според холандската телевизија НОС, мажот имал треска и додека пристигнала брзата помош, тој можел да одговори на основни прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот