Поетското читање ќе се одржи на 12 април, од 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“

Скопскиот поетски фестивал ја организира четвртата „Отскочна даска“ за млади поети

Единаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #4“, преднастан на петтиот „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа 28 пријави, а интерното жири на фестивалот го направи изборот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на песните и талентот на кандидатите.

Имињата на избраните 11-мина (по азбучен ред) се: Брајковска Елеонора, Василева Сања, Мицковски Васја, Неделковска Милена, Постоловски Дарио, Симоновски Борис, Спасовска Бојана, Среткоска Даница, Тасевски Теодор, Трендафилова Дарија и Шапкарова Ана.

Настанот ќе се одржи на 12 април, од 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“, а самите поети учесници ќе имаат задача да го одберат најдобриот меѓу нив, кој ќе чита и на официјалното отворање на фестивалот на 24 април, заедно со другите учесници во официјалната програма.

– Упатуваме голема благодарност до сите што ни ги пратија своите песни за прочит и би сакале да ги охрабриме да продолжат да пишуваат! Праќаме и покана до сите нив да дојдат на настаните во рамките на фестивалот, што со многу љубов и внимание ги подготвивме за публиката – велат организаторите.

Скопскиот поетски фестивал, чиешто петто издание ќе се одржи во периодот од 24 до 26 април, е поддржан од Министерството за култура и туризам и од „Традуки“, а негови помагатели се Младинскиот културен центар – Скопје, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, кафе-книжарницата „Буква“, „ПНВ Публикации“ и Хотел „Цара 1928“. Медиумски покровител е МИА, а медиумски партнери се „Умно“, „Кајгана“ и „Култура Бета“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот