Плакат за концертите на „21 Век“ во „Котур“

Скопскиот бенд „21 Век“ ќе одржи четири концерти во низа во „Котур“

Почнувајќи на 20 февруари скопскиот бенд „21 Век“ до 23 февруари ќе одржи четири концерти во низа во кафе и филм „Котур“ во Скопје. Билетите за првите три концерти се распродадени. Концертите ќе почнуваат во 21 часот.

Со оглед на ограничените капацитети на локалот, тоа ќе биде можност за присуство на суперинтимно концертно издание на групата „21 Век“.

Музиката на „21 Век“ претставува силно експресивна палета на влијанија движејќи се од правци како пост-панк сè до македонската традиционална музика. Критичарите, нивната музика ја карактеризираат како „поп-музика вкоренета во длабок андерграунд“.

Во составот на бендот „21 Век“ се музичарите Васко Атанасоски, Дени Крстев и Раде Јордановски.

На фестивалот „Здраво млади!“, каде „21 Век“ се чести учесници, ги дефинираат како „најљубовниот панкерски бенд или најпанкерскиот љубовен бенд. Нема друг како Васко, кој може во три скромни зборови да опише еден цел грст емоции. А Раде и Дени, неговите санчопансовци, умешно го следат јавајќи кон зајдисонцето. Со нивните три енергетски набиени албуми издадени во рок од две години, ’21 век‘ само го трансформираа целото музичко и животно искуство од нивните претходни состави (’My tear‘, ’Bernays Propaganda‘, ’FxPxOx‘, ’XAXAXA‘) во лирична зрелост. ’21 век‘ не е бенд, туку жесток порив за корнење на срцето. Да заплачеш и заиграш!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот