
Скопски џез фестивал 2025: Американски ѕвезди, европски ремек-дела и домашен дебитант
Од 15 до 19 октомври, Скопје повторно ќе биде епицентар на врвниот современ џез со програма што ја потврдува меѓународната репутација на Скопскиот џез фестивал како еден од најзначајните културни настани во регионот и Европа.
Препорачано
Годинашното издание носи силна американска доминација, но и значајни европски изведувачи, ексклузивни документарни филмови и посебен фокус на домашната сцена.
Настап ќе има легендарниот гитарист Марк Рибо и перкусионистот Кахил Ел Забар во иста вечер, што претставува вистински музички спектакл за љубителите на џезот. Финалето на фестивалот ќе го одбележат двајца моќни уметници: Вадада Лио Смит, еден од најзначајните живи американски џез музичари и Џејмс Брендон Луис, кој неодамна беше прогласен за музичар и тенор-саксофонист на годината.
Европската вечер ќе донесе уште едно значајно музичко доживување со настап на Горан Кајфеш и неговиот бенд Tropiques, како и квартетот на Јан Банг и Арве Хенриксен. Овој проект, кој првпат беше изведен пред две години во Скопје, сега ќе биде претставен повторно, по неговото официјално издавање на плоча.
Фестивалот ќе се отвори со настап на Националниот џез оркестар, кој за првпат добива можност да настапи во рамките на оваа манифестација, заедно со специјалните гости Зиги Фајгл и Луис Бониља.
Посебен елемент на програмата годинава се и две документарни филмски проекции, кои веќе се оценети како ремек-дела во светот на музичката кинематографија. Станува збор за филмовите „We Want the Funk!“ и „Sun Ra: Do the Impossible“, кои токму на Скопскиот џез фестивал ќе ги имаат своите европски премиери.
Визуелниот идентитет на фестивалот е дело на уметникот Џоле Јовановиќ.
Програма:
Jazz cinema
15 октомври | МКЦ Кино Фросина | 20:00
WE WANT THE FUNK!
Документарен филм
16 октомври | НОБ | 20:00
ANDRZEJ JAGODZIŃSKI TRIO
NATIONAL JAZZ ORCHESTRA with SIGI FEIGL & LUIS BONILLA
17 октомври | НОБ | 20:00
MARC RIBOT: MAP OF A BLUE CITY
KAHIL EL’ZABAR’S ETHNIC HERITAGE ENSEMBLE
Jazz cinema
18 октомври | МКЦ Кино Фросина | 17:00
SUN RA: DO THE IMPOSSIBLE
Документарен филм
18 октомври | НОБ | 20:00
AFTER THE WILDFIRE QUARTET
GORAN KAJFEŠ TROPIQUES
19 октомври | НОБ | 20:00
WADADA LEO SMITH & SYLVIE COURVOISIER DUO: Angel Falls
JAMES BRANDON LEWIS QUARTET
Програма плус:
10 октомври
Europe house | 18ч.
Jazz for kids – работилница
Jazz Cinema
15 октомври
МКЦ Кино Фросина | 20:00ч.
WE WANT THE FUNK!
Документарен филм
18 октомври
МКЦ Кино Фросина | 17:00
Sun Ra: Do the Impossible
Документарен филм