Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Апелација ја укина првостепената пресуда за Мијалков и уште тројца обвинети за „Трезор”

Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Трезор”, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред Основниот кривичен суд Скопје.

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор”, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од С., Н.С. од С. и Т.Ј. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, се наведува во денешното соопштение од Апелациониот суд.

При разгледување на побивата пресуда, како што се додава во соопштението, Апелациониот суд Скопје констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков како првообвинет за случајот беше осуден на единствена казна од 8 години затвор, додека поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски доби 5 затворска казна , а поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ казна затвор од 5 години, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски е осуден во отсуство на 15 години затвор. Тројцата се товареа за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Случајот е покренат во 2017 година од тогашното Специјалното јавно обвинитество поради основано сомение дека обвинетите државни службеници во УБК И МВР направиле директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК наместо од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, на штета на буџетот на РСМ.

Според обвинението, во овој случај биле злоупотребени над 860 илјади евра.

– Обвинетиот Сашо Мијалков, заедно со другите обвинети умислено ги сториле кривичните дела при што договорите биле склучени со единствена цел стекнување на корист во полза на ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје, рече судијката Бектовиќ.

Судот своевремено ги задолжи сите четворица обвинети солидарно да ја надомест штетата направена на буџетот на државата.

Воедно, со пресудата беа конфискувани средства во износ од 10.819.959 денари на компанијата Финзи.

Паднаа пресудите за случајот „Трезор“: Мијалков доби осумгодишна казна затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!