Георг Георгиев, министер за надворешени работи на Бугарија / Фото: скриншот

Скопје има проблем со Брисел, а не со Софија, вели шефот на бугарската дипломатија Георгиев

Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Северна Македонија, изјави за „БГНЕС“ шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, кој рече и дека спроведувањето на „францускиот предлог“ ќе биде „строго следено“ од бугарските власти.

„Бугарија останува исклучително доследна во однос на политиката кон Западен Балкан и европската интеграција на сите земји од регионот. Во 2022 година беше постигнат европски консензус (францускиот предлог), кој строго ќе се следи. Секоја земја мора да ги почитува критериумите, да се придржува до нив. Членството во ЕУ се заснова на сопствените заслуги“, рече тој.

Георгиев додаде дека „Бугарија и Владата остануваат апсолутно непоколебливи и посветени на овој пристап“.

„За нас безбедноста и европската интеграција на Западен Балкан е исклучително важна. Ова е инвестиција во стабилноста на цела Европа и ние го препознаваме како земјата која во 2018 година го започна, го охрабри и катализираше овој процес. Ги знаеме и ги чуваме нашите национални интереси и интересите на целата Европска унија. Постигнатиот договор не е билатерално прашање меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и нашите соседи од Северна Македонија“, категоричен е шефот на бугарската дипломатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот