Фонтана плоштад Бањање - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Фонтана плоштад Бањање - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Скопје „гори“ на 41,7°C – трета највисока температура денеска во Европа

Скопје денеска се најде на третото место меѓу најтоплите градови во Европа, каде во периодот од 14 до 15 часот се измерени 41,7 степени Целзиусови во скопското село Петровец, објави метеоролошкиот портал „Огимет“, кој собира метео податоци од целиот свет, пренесува МИА.

На првото место беше турскиот град Ајдин со 42,6 степени, а на второ место Фетие, исто така во Турција, со 41,7 степени. Топлинскиот бран го зафати и останатиот дел од Турција, каде температурата надмина 41 степен во уште пет градови: Урфа (41,4°C), Анталија (41,3°C), Дикили (41,2°C), Измир (41,2°C) и Маниса (41,2°C). Зад Скопје, со ист степен на жештина (41,2°C), се најдоа и Мерида (Шпанија) и Сер (Грција).

Во светски рамки, денеска највисоката температура е измерена во Кувајт – 47,2°C, додека најстудено беше во руската антарктичка база Восток со -75,5°C.

Според „Огимет“, најмногу дожд наврна во Индија, најсилен ветер дуваше на Гренланд, а најтоплото место по просек во последните 24 часа беше населбата Џалони во Оман, со 44°C.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот