Евра / фото: Flickr

Скопјанец дал 23.000 евра рушвет за вработување на внукот, па пријавил дека го измамиле

65-годишен жител на Скопје пријавил во полиција дека измамник му зел 23.000 евра за наводно вработување на неговиот внук, но не го исполнил ветувањето за кое бил даден поткупот, соопшти МВР.

„На 23.04.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, 65-годишен маж од скопско пријавил дека во периодот од мај 2024 до септември 2024 година бил измамен од лицето Ф.„Н“ за сума од 23.000 евра. Според пријавеното, тој му ги дал парите во неколку наврати за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното. Се преземат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот