Рубен Аморим/фото: EPA-EFE/ANTONIO COTRIM

Сколс смета дека Аморим не е добро решение за Манчестер јунајтед

Рубен Аморим сѐ уште не е официјално назначен за нов тренер на Манчестер јунајтед, а на Островот веќе го вперуваат прстот кон него. Легендарниот фудбалер на „ѓаволите“ Пол Сколс се сомнева дека Португалецот ќе го донесе тоа што му треба на клубот.

Поранешниот англиски репрезентативец се сомнева дека Аморим е вистинското решение за клубот по заминувањето на Ерик тен Хаг.

– Аморим е интересен тренер, но неговото доведување би било ризик. Сите го знаеме неговиот стил на игра, неговиот тим игра извонреден фудбал. Тој беше поврзуван со Сити, што доволно говори за квалитетите на Аморим. Повеќето тренери од тој тип работеле во клубови каде очекувањата не се големи.

Да го погледнеме Томас Френк на пример. Можеби е многу фит за Јунајтед, но очекувањата се сосема поинакви отколку во Брентфорд. Затоа, мислам дека замената за Тен Хаг треба да има искуство да води голем клуб – изјави Сколс за веб-страницата на Премиер лигата.

Како тренер Аморим два пати беше шампион на Португалија со Спортинг во 2021 и 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот