Скарлет Јохансон - Фото: DPPA / ddp USA / Profimedia

Скарлет Јохансон стана актерка со најголема заработка во светот по премиерата на „Светот Јура: преродба“

Скарлет Јохансон е прогласена за актерка со најголема светска заработка на бокс-офисот, по премиерата на новиот блокбастер „Светот Јура: преродба“ (Jurassic World: Rebirth), објави „Индепендент“.

Со ова остварување, вкупната заработка од нејзините филмови ја постави на првото место како актерка со најголем комерцијален успех досега – пред колегите од „Марвел“ универзумот, Семјуел Л. Џексон и Роберт Дауни помладиот.

Јохансон се проби во ѕвездите во 2003 година со улогата во филмот „Изгубени во преводот“ (Lost in Translation) на режисерката Софија Копола, а во изминатите две децении, филмографијата ѝ има вкупна светска заработка од 14,61 милијарди долари.

Семјуел Л. Џексон и Роберт Дауни помладиот имаат заработки од 14,60 и 14,3 милијарди долари, соодветно, но Јохансон ги надмина со само 36 филмови, наспроти 71 на Џексон и 45 на Дауни.

Ѕвездата на „Брачна приказна“ (Marriage Story) и „Зајак Џоџо“ (Jojo Rabbit) ги надминува и по просечна заработка по филм: нејзината изнесува 405,9 милиони долари, во споредба со 205,7 милиони на Џексон и 318,1 милион на Дауни.

Јохансон го имаше своето филмско деби во 1994 година во комедијата „Север“ (North), кога имала само 10 години, а подоцна играше споредни улоги во „Сам дома 3“ (Home Alone 3), „Шепотачот на коњи“ (The Horse Whisperer) и „Светот на духови“ (Ghost World).

Во „Светот Јура: преродба“, Јохансон ја толкува улогата на Зора Бенет – платеничка ангажирана од фармацевтскиот претставник Мартин Кребс (Руперт Френд) да му се придружи на палеонтологот д-р Хенри Лумис (Џонатан Бејли) во мисија за прибирање на ДНК од диносауруси од тајна лабораторија на креаторите на оригиналниот „Светот Јура“.

Јохансон ја презема главната улога во франшизата од Крис Прат, кој го играше морнаричкиот ветеран Овен Грејди во „Светот Јура“ (Jurassic World, 2015), „Светот Јура: паднатото кралство“ (Jurassic World: Fallen Kingdom, 2018) и „Светото Јура: Доминион“ (Jurassic World: Dominion, 2022).

Филмот во првите шест дена од прикажувањето ширум светот веќе заработи 318 милиони долари , што го поставува на второ место меѓу премиерите за 2025 година, веднаш зад кинескиот анимиран хит „Нежа 2“ (Ne Zha 2).

Скарлет Јохансон откри како била третирана во Холивуд: „Бев сексуализирана, но …“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот