
Скандал во Катар: Новинар бил приведен затоа што носел ЛГБТ маица
Новинарот Гран Вал од„CBS Sport“ се најде во центарот на голем скандал откако бил приведен во Катар поради носење на маица со боите на виножитото.
Препорачано
Вал се појавил на натпреварот САД – Велс, а пред почетокот на натпреварот бил приведен од безбедносните служуби.
„Дојдов на стадионот облечен во маица со виножито како поддршка за ЛГБТ заедницата, а редарите ми забранија да влезам ан стадионот. Ме задржаа 25 минути и бараа да ја соблечам маицата. Твитнав за тоа. Во еден момент подоцна чуварот ми го грабна телефонот од раце и ми зборуваа дека маицата била „политизирана“. Одбив да ја соблечам. Мојот пријател Едрју Дас кој е новинар на „Њујорк Тајмс“ поминуваше покрај мене и му кажав што се случува. Тогаш го уапсија и него.
„Ме натераа да станам и да се свртам кон безбедносната камера. Ме прашаа: Дали сте од Велика Британија? Одговорив: Од Њујорк. Енди го ослободија, а потоа дојде шефот на обезбедувањето, им кажа да ме пуштат и ми се извини. Се ракувавме. Еден од чуварите сакаше да ми објасни дека се обидуваат да ме заштиат од навивачите внатре кои може да ме повредат поради носењето таква маица. Добив извинување и од претставникот на ФИФА. Оваа ситуација ме натера да размислам како им е на обичните Катарци кога целиот свет не гледа во нив“, објави новинарот.
Just now: Security guard refusing to let me into the stadium for USA-Wales. “You have to change your shirt. It’s not allowed.” pic.twitter.com/TvSGThMYq8
— Subscribe to GrantWahl.com (@GrantWahl) November 21, 2022