Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Скандал: Поранешен репрезентативец на Холандија обвинет за шверц на еден тон кокаин!

Поранешниот холандски репрезентативец 31-годишниот Квинси Промес би можел да заработи долгогодишна затворска казна откако официјално е обвинет за шверц на 1.3 тони кокаин вреден 75 милиони евра.

Информациите на службите се дека Промес учествувал во шверцот на кокаинот во 2020 година на пристаништето Антверпен во Белгија. Промез бил организатор на криумчарњето и ја подготвувал дрогата да биде пуштена на нарко-пазарот.

По обвиненија фудбалерот на 5. јуни ќе мора да се појави пред судот во Амстердам, но поради целата ситуација со Русија во овој момент тој веројатно нема да се појави. Промес во овој момент настапува во редовите на Спартак Москва.

Сепак, дури и да не се појави пред судот ќе му се суди во негово отсуство. Ова не е првпат Промес да има проблеми со законот, претходно учествуваше во инцидент во кој избоде свој роднина на роденденска прослава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот