
Системот им дозволува на насилниците да не бидат казнети се додека не завршат со фемицид, велат од ДОМ
Од ДОМ бараат итна одговорност, разрешувања на сите раководни лица што затаиле во СВР Велес, кривична одговорност за секое службено лице кое свесно игнорирало пријави за закани, како и системски реформи во протоколите за заштита на жртвите на насилство.
Зелената партија ДОМ најостро реагира на монструозното убиство на младата Росица и нејзиниот татко во Велес. Од партијата велат дека не станува збор за „индивидуална трагедија“, туку за директна последица на институционалниот колапс.
Препорачано
„Кога полицијата, обвинителството, судството и центрите за социјална работа не постапуваат согласно законските надлежности, тогаш може да се зборува за поддршка која води кон репродукција на насилството.
Случајот покажува дека системот свесно им дозволува на насилниците да не бидат санкционирани сè додека не завршат со фемицид. Со тоа што над 70 пријави за закани и насилство се игнорирани, не може да зборуваме за институционален „пропуст“, туку за институционално злосторство!“ се вели во реакцијата на партијата.
Оттаму јвно предупредуваат дека граѓаните и граѓанките се соочуваат со систем што ја одржува мизогинијата и ја нормализира културата на мразење на жените. За жал, како што велат, ако институциите постапуваа, Росица ќе беше жива денес.
Од ДОМ бараат итна одговорност, разрешувања на сите раководни лица што затаиле во СВР Велес, кривична одговорност за секое службено лице кое свесно игнорирало пријави за закани, како и системски реформи во протоколите за заштита на жртвите на насилство.
Македонија мора да покаже дека женските животи се вредни за институциите да се разбудат и реагираат, порачаа од партијата.