Фото: FIBA

Синот на Кличко гради кошаркарска кариера, дебитираше за Украина и беше одличен

Синот на легендарниот боксер Виталиј Кличко, Александар гради кошаркарска кариера и му оди одлично.

Александар Кличко има 19 години и вчера дебитираше во дресот на украинската репрезентација во победата над Португалија од 88:60. Дебитантот одлично ја искористи минутажата на паркетот и настапи кога натпреварот веќе беше решен. На теренот помина девет минути, но во нив успеа да постигне седум поени.

Кличко со 2/2 беше максимално прецизен во шутеви од игра, додека од линијата за слободни фрлања реализираше три од четири.

Во минутите на теренот додаде уште два скока, една блокада, една изгубена топка и една лична грешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот