Фото: Томе Христоски/Фејсбук

ФОТО: Синот на Аки Рахимовски го посети гробот на Тоше

Кристијан Рахимовски, синот на неодамна починатиот пејач Аки Рахимовски, денеска во Крушево го посети гробот на Тоше Проески, објави на Фејсбук крушевскиот градоначалник, Томе Христоски.

„Со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и синот на покојниот Аки Ракимовски во посета на спомен куќата „Тодор Проески“. Заедно положивме свеќе на гробното место на Тоше и оддадовме почит на големиот пејач, а не изоставивме да поразговараме и за Аки Ракимовски кој го почитуваше нашиот Тоше и постхумно посвети неколку песни“, напиша Христовски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот