Илустративна фотографија / Фото: Pexels

Син го пронашол дневникот на својот покоен татко: Содржината засекогаш му го променила животот!

Татковците израснати во духот на постарите генерации често се вешти во потиснување на емоциите, поради што синовите понекогаш ги доживуваат како дистанцирани. Но, еден маж вистински увид во мислите на својот татко добил дури шест години по неговата смрт, кога го пронашол неговиот стар дневник.

Својата приказна ја споделил на Редит, на форумот r/Story, каде што корисник под псевдоним го опишал односот со својот татко, кој по неговата смрт добил емотивен пресврт.

„Го изгубив татко ми пред шест години од ненадеен срцев удар. Без предупредување. Една минута работеше на косилката, следната веќе го немаше. Имаше 58 години“, започнал со објавата.

„Беше тивок човек. Тој тип тато што поправаше работи дома, што велеше ‘Те сакам’ преку реченицата ‘Го провери маслото?’, и секогаш седеше на истото столче за вечера. Растев мислејќи дека го познавам, но само на оној начин на кој познаваш некого од рутина. Не длабински.“

Сè се променило кога, скриена во стара кутија покрај факултетски спомени, пронашол збирка дневници што опфаќале 12 години од животот на татко му. Иако можеби не умеел усно да ги изрази своите чувства, во пишувањето тоа не му претставувало проблем.

По двоумење дали да го отвори дневникот, љубопитноста надвладеала и започнал да чита.

Првата белешка, датирана во 1982 година, била за раните денови од љубовната врска со мајка му.

„Денес ѝ реков за првпат дека ја сакам. Не беше планирано. Едноставно ми излета. Се смееше на тоа како микробрановата прави остатоците од храната да имаат вкус на ‘тага’. Ја погледнав и едноставно… го реков тоа. Таа ми возврати, но мислам дека ја изненадив. Дури и јас самиот се изненадив“, пишува таму.

Тој одломок му открил на синот дел од татко му каков што никогаш претходно не го видел. Листајќи понатаму, наидувал на сè повеќе трогателни записи.

„Колку се плашел кога се родив прерано. Како ноќе стоел пред мојата врата, слушајќи го моето дишење. Како се чувствувал дека не успева како хранител на семејството откако го отпуштија во ’98, иако никогаш не ни дозволи да го видиме скршен.“ Запишал и колку бил горд кога син му се запишал на факултет, но и дека плачел ноќта пред неговото заминување, затоа што „не знаел како да се прости“.

Една белешка особено се издвојувала како најболна: „Никогаш нема да дознае, но стоев пред неговата студентска соба откако го оставив. Само го гледав прозорецот додека не се запали светлото. Тогаш знаев дека ќе биде добро. А јас не бев“.

Синот открил дека плачел на начин на кој не плачел од погребот наваму, а тоа откритие засекогаш го променило начинот на кој гледал на својот татко.

„Целото мое детство мислев дека татко ми беше дистанциран. Дека не чувствуваше длабоко. Но сега знам дека само тивко ги носеше тие чувства. Сакаше толку, толку гласно, само не на начин на кој јас умеев да слушнам“, заклучил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот