Фото: Профимедиа

Симптоми кои откриваат дека ви недостига магнезиум

Магнезиумот е најважниот минерал за човекот, затоа што учествува во повеќе од 300 процеси кои се одвиваат во телото.
Тука спаѓаат забрзувањето на метаболизмот, ослободување на енергијата од храната и создавањето на протеини. Без сите овие функции, телото не би работело правилно.

Магнезиумот делува само ако е во соодветна рамнотежа со калциумот и тој однос е посебно важен за да не се доведе до раздразливост, слабо функционирање на клетките во телото или во најлош случај нивно изумирање.
Сепак, ако забележите повеќе од следниве симптоми, ви недостасува магнезиум во телото:

Главоболка, мигрена, замор, вртоглавица, поспаност, нервоза, раздразливост, болка во мускулите, грчење на мускулите и губење на апетитот се најлесно воочливите симптоми.

Телото не може само да произведе магнезиум, па затоа е многу важно да му ги овозможите неопходните количини.
Кај возрасните луѓе, тоа се 300-400 мг, а бројката можете да ја задоволите ако секојдневно пиете 3-4 дл природна минерална вода која содржи магнезиум.

Поголема количина на магнезиум им е потребна на бремените жени, доилките, спортистите и луѓето со срцеви заболувања.

Храна која е добар извор на магнезиум:

Зелен лиснат зеленчук (спанаќ, блитва), јаткасти плодови, семки до тиква, сончогледови семки, пиперка, смоква, банани…
Како влијае овој минерал во нашиот организам?
1. Го смирува нервниот систем, го подобрува сонот
2. Ја крева енергијата
3. Го подобрува метаболизмот
4. Помага при воспоставување рамнотежа на нивото на натриум, калиум и калциум во организмот
5. Ги намалува грчевите, болките и напнатоста во мускулите
6. Ја ублажува мигрената и ја спречува депресијата
7. Го чува здравјето на срцето и крвните садови
8. Придонесува за здравјето на коските и забите
9. Одличен за детоксикација на организмот
10. Го намалува ризикот од дијабетес тип 2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!