Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги/фото: EPA-EFE/Juan Herrero

Симоне Инѕаги од следната сезона ќе биде тренер на Манчестер јунајтед

Тренерот на фудбалскиот клуб Интер, Симоне Инѕаги, се согласил да стане следниот менаџер на Манчестер јунајтед, пишува Интерлајв.ит. И покрај тоа што неговиот тим се враќа на победничките патеки во Премиер лигата викендов, иднината на Ерик тен Хаг останува неизвесна и раководството на „црвените ѓаволи“ очекува наследник.

Томас Тухел неодамна беше назначен за селектор на Англија, со што стави крај на шпекулациите кои го поврзуваа Германецот со местото на Олд Трафорд. Во меѓувреме, Тен Хаг ја преживеа репрезентативната пауза во октомври, иако медиумите во земјата веруваа дека сопствениците на ИНЕОС ќе го отпуштат Холанѓанецот.

Истиот извор сега тврди дека Симоне Инѕаги веќе дал „зелено светло“ да стане нов менаџер на Јунајтед, но од стартот на следната сезона 2025/26.

Се наведува дека преселбата на Инѕаги на Олд Трафорд нема да биде официјализирана пред крајот на сезоната.

Се додава и дека Инѕаги ќе добие „речиси неограничен буџет“ за трансфери, иако англискиот клуб се обидува значително да ги намали нивните трошоци. Сепак, шефовите на Јунајтед се чини дека сакаат повторно да го засилат тимот следното лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот