фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Симоне Инѕаги ќе биде нов тренер на Ал Хилал

По високиот пораз од 5:0 во финалето во Лигата на шампионите против ПСЖ, тренерот Симоне Инѕаги го напушти Интер.

Според најавите Инѕаги веќе најде нов ангажман, односно потпиша договор со Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Италијанскиот стратег потпиша двегодишен договор со клубот од Ријад. Неговата плата ќе биде 26 милиони евра нето по сезона.

Инѕаги четири години ги водеше миланските „нераѕури“, а претходно беше и на клупата на Лацио.

Оваа година Ал Хилал го освои второто место во саудиската лига зад шампионот Ал Итихад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот