Теодор Симиќ беше втор стрелец во победата на Олимпијакос/Фото: kfsm.mk

Симиќ и Барса со сигурен старт на евролигашкиот турнир во Патра

Каталонците беа убедливи против Тбилиси, а македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ придонесе со седум поени и осум скока во победата (78:64).

Нашиот играч Симиќ и неговата Барселона имаа успешен почеток на јуниорскиот квалификациски турнир (играчи „Под 18“ години) од Евролигата, кој стартуваше во Патра.

На премиерниот меч на турнирот во Грција, каталонците славеа сигурна победа против екипата на ЗПА Тбилиси (78:64).

Нашиот млад репрезентативец имаше солидно издание во првиот успех. За 22:15 минути, реализираше седум поени (2/3 за два и 3/6 за еден поен), но имаше и осум скокови и една асистенција за тоа поминато време во теренот во Патра.

Барселона ги штедеше силите во второто полувреме, доколку се земе в предвид дека веќе од 19.30 часот, вечерва, ги чека далеку посериозен предизвик. Натпреварот против екипата на Олимпијакос, кој може да биде и пресудне во конечниот поредок на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот