Симеоне минатата година заработил 41 милион евра

EPA-EFE/Atletico de Madrid

Францускиот магазин „Франс фудбал“ објави листа на најдоброплатените фудбалски тренери во светот и изненадувачки, на првото место се најде стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Осум години Симеоне е тренер на Атлетико и успеа да го вивне на европскиот врв иако форсира дефанзивен фудбал.

Веќе неколку години најголемите европски екипи како Арсенал, Челси, Интер, Милан, се заинтересирани за неговите услуги но тој е верен на мадридскиот тим и добро на „наплаќа“ верноста. Според „Франс фудбал“, Симеоне во текот на минатата година заработил неверојатни 41 милион евра, што е „последица“ на продолжувањето на договорот, поголемата плата и бонусите на име на спонзорства и за освојување на Лигата на Европа.

Ова е трет пат откако „Франс фудбал“ откако ги објавува податоците за заработката на тренерите, а тоа го прави од 2004 година, на врвот да не биде Жозе Мурињо. Прв кој го „победи“ беше Алекс Фергусон во 2004 година, потоа Луис Фелипе Сколари во 2009 година но Португалецот нема причини за грижа бидејќи во 2018 година инкасира 31 милион евра, пред се поради отпремнината која му ја плати Манчестер јунајтед по добиениот отказ. Во вкупата сума се вкалкулирани и хонорарите кои Мурињо ги добива како стручен консултант на неколку телевизии.

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Неверојатно звучи но на третото место е човекот којсамо три месеци беше тренер, Тиери Анри. Анри за краткиот престој во Монако доби неверојатни 25 милиони евра бидејќи му беше исплатена целата сума која требаше да ја добие за тригодишниот престој.

На четвртото место е Пеп Гвардиола кој инкасира 24 милиони евра, додека тренерот на Барселона, Ернесто Валверде заработи еден милион евра помалку.

На седмото место се наоѓа Масимилијано Алегри со 13.5 милиони евра, додека листата на 10-те најдоброплатени тренери во светот за 2018 година ја затвораат Марчело Липи (Кина), Леонардо Жардим (Монако) и Јирген Клоп (Ливерпул) кои добија 13 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот