Бенжјаман Менди / фото: EPA-EFE/Shaun Botterill

Силувачот Менди пуштен со кауција, судењето одложено за јуни

Дефанзивецот на Манчесер сити, Бенжаман Менди (27) кој во август минатата година беше обвинет за седум силувања на четири жени и сексуално вознемирување на петта жена, е пуштен да се брани од слобода.

По три одбивања да биде пуштен на слобода со кауција, судијата Патрик Томпсон е првиот кој му го одобори тоа. Кауцијата доаѓа со одредени услови кои мора да ги исполни фудбалерот. На Менди му е одземен пасошот, мора да живее да адреса на која е пријавен и на никаков начин не смее да им се пристапи или им се доближи на жените кои го обвинуваат за силување.

Тој на 24 јануари мора да се појави во судот на сослушување, а доколку не се појави, ќе биде уапсен и ќе биде вратен во затвор.

Судењето би требало да за почне во јуни и тоа значи дека Менди ќе ја пропушти целата сезона.
Менди беше пуштен од затворот Стренџвејс во Манчестер кој се смета за еден од најсуровите и најнасилните во Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!