Силно и инспиративно е да прочитате на македонски јазик, дека му оддаваат почит на сесловенскиот татко, вели Сиљановска

Беше прекрасно да се поклоните на некој на кој му се поклонува сиот словенски свет – на Кирил, на филозофот Константин, изјави претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска во Рим, по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, јави известувачот на МИА.

„Силно и инспиративно е да прочитате на македонски јазик, покрај на другите словенски јазици, дека му оддаваат почит на духовниот сесловенски татко без кој веројатно ние тешко би се просветиле, бидејќи тој е носителот, промоторот на писменоста, а без писменост не можете ниту умот ниту мислите да ги изразите“ рече Сиљановска-Давкова.

Taa го посети и гробот на папата Франциск, кој, како што посочи претседателката ќе остане запаметен по умот, по посветеноста, по ерудицијата, по блискоста до граѓаните, до верниците, длабоката верба во Бог, во мирот, човекот посветен на обичните, на сиромашните.

„Токму изборот ова да биде неговиот вечен дом и белата роза ја отсликува скромноста. Тоа за некој како мене кој поминал 45 минути во разговор со него минатата година е нешто што ја потенцира духовноста“, рече претседателката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот