Сиљановска Давкова од Матарела побарала гаранции за евроинтеграциите

Сиљановска-Давкова-Серџо Матарела Фото: Кабинет на Претседател

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска во Рим на средбата со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела побарала гаранции за европската иднина на државата.

-Побарав од италијанскиот претседател и од Италија на натамошниот пат да помогнат околу давање гаранции за нашата европска политичка иднина, на што тој одговори дека е подготвен да застане зад нас, се разира и во барањето на решенија со соседите – изјави Сиљановска Давкова по средбата со Матарела.

Tаа средба ја оцени како плодна и конструктивна. На неа разговарале за сестраната соработка во период од 30 години, не само со нас, туку и со целиот регион на Западен Балкан.

-Претседателот рече дека Италија ќе продолжи да го поддржува регионот, да не поддржува нас, во секој поглед, не само во евроинтеграциите, туку и во економијата, обраозванието, културата, одбраната, па и италијанското и нашето членство во меѓународни организации – рече Сиљановска Давкова.

Таа истакна дека на средбата ја импресионирало тоа што Матарела покажал длабоко разбирање за направените жртви на земјава во процесот на евроитеграциите.

-Таа напомена дека во моментов не може да зборуваме дека има големи и мали држави во ЕУ, дека сите се мали и дека сите имаат потреба едни од други. Постигнавме согласност дека европските стандарди треба да се почитуваат од сите и од оние надвор, како од оние што се внатре – рече Сиљановска Давкова.

Со средбата со Матарела таа го завршува официјалниот дел на посетата на Рим и Ватикан во рамки на честувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, на која беше на аудиенција кај папата Франциск, а денеска присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Свети Климент“, а потоа положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Ова е прва првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова, по победата на претседателските избори на 8 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот