Фото: EPA/Инстаграм/Нур Алфалах

„Си најде друг!“: Ал Пачино веќе не е во врска со 54 години помладата девојка

Девојката на познатиот актер Ал Пачино (84), Нур Алфала (30), неодамна беше видена на состанок со комичарот Бил Махер (68), а многумина се прашуваат зошто тие двајца се заедно.

Како што сега откри Пачино, тој и Алфала, со кој минатата година го доби синот Романо, повеќе не се заедно.

Актерот во интервју за „Пипл“ претходно овој месец откри дека е сингл. На прашањето дали моментално е во врска, тој одговорил „Не, имам пријателство“.

Неговите претставници подоцна додадоа: „Ал и Нур се многу добри пријатели со години, а сега заедно го растат и својот син Романо“.

Во своите нови мемоари „Sonny Boy“, актерот пишува за своите врски и неговата одбивност кон бракот, која ја нарекува „влегување во возот за болка“.

„Сè е билет за возот на болката. Билет или ништо. Ќе одиш или не? Не, ќе останам овде. Ќе останам на станицата. Нема да влезам“, напиша тој.

Тој додаде дека бракот може да им одговара на многумина, но дека „никогаш не му одговарал поради некоја причина“. Актерот сè уште се чувствува така.

„Ако живееш со некого, мора да имаш заедништво. Ако немаш, речиси е како инвазија. Така што, тоа сакам да го знам ако сакам да пронајдам личност со која можам да се поврзам“, рече тој.

Пачино и Алфала за првпат почнаа да се забавуваат во 2022 година, а оваа година открија како се запознале. Алфала раскажа дека се запознале на вечера пред десет години.

„Си помислив: ‘Леле, ова е Ал Пачино’. Одев во филмско училиште, знаев кој е тој. Тој е многу талентиран и посебен човек. Но, немав намера тој еден ден да биде татко на мојот син“, рече таа претходно.

Двојката се зближила за време на пандемијата на коронавирусот.

„Ал живееше на една улица од мојата куќа и почнавме да го поминуваме секој ден заедно, да играме шах и да гледаме филмови. Беше како филмско училиште со Ал Пачино. Потоа стана нешто повеќе“, рече таа.

Првите гласини дека парот раскинал се појавија минатата година во септември, неколку месеци откако добија син. Сепак, тогаш нивните претставници изјавија дека сè уште се заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот