Фото: cbsnews.com

„Си-Ен-Ен“ објави снимка во која Трамп признава дека сакал да ја намали заканата од Ковид-19 (АУДИО)

Американскиот претседател Доналд Трамп отворено изјавил дека сакал да ја намали заканата од коронавирусот, истовремено признавајќи дека е опасен, за разлика од тоа што го зборуваше пред јавноста, покажува новата книга на новинарот Боб Вудворт.

Објавувањето на делови од книгата  на Вудворд се случува на осум недели до претседателските избори во САД, а човекот кој ја откри аферата „Вотергејт“ предизвика остра реакција на претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден кој предупреди дека „тоа било предавство на американскиот народ“.

Трамп, во аудио снимката што ја објави „Си-Ен-Ен“, признава дека од коронавирусот не умираат само возрасните лица, туку и млади и дека се појавиле нови изненадувачки факти.

– Сакав да ја намалам заканата од коронавирусот“, вели Трамп во еден дел од телефонскиот разговор со новинарот Вудворт на 19 март кој е објавен и во книгата со наслов „Бес“.

– И сега сакам да ја намалам, бидејќи не сакам да кревам паника“, додава Трамп.

Неколку недели претходно, поточно на 7 февруари, Трамп на Вудворт му рекол дека Ковид-19 е „убиствена работа“.

Поради управувањето со пандемијата на Ковид-19 во САД во кои починаа повеќе од 189.000 лица, Трамп се најде на удар на остри критики во јавноста, од неговите политички опоненти, но и од научници, па и од некои републикански претставници.

Го обвинуваат дека испраќал противречни и нејасни пораки, но и дека не покажал сочувство за последиците што ги предизвикал вирусот. Голем дел од Американците, во неколку анкети, остро ги осудија неговите постапки на тоа поле.

Книгата на Вудворт треба да излезе на 15 септември и се базира на 18 разговори на Боб Вудворт меѓу декември во 2019 година и јули оваа година што биле снимени со дозвола на Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот