швајцарија
Швајцарија/ ФОТО: Инстаграм

Швајцарија ги укина ковид мерките

Швајцарската Влада денеска соопшти дека ги укинува речиси сите ковид мерки, а до крајот на март останува само правилото за носење маски во јавниот превоз и во здравствените установи, како и изолација на пациентите заразени со ковид.

Од утре повторно е возможен влез во продавници, ресторани, културни манифестации, институции отворени за јавноста и собири без маска и ковид потврди, се вели во соопштението на Сојузниот совет (Владата). Се укинува и задолжителното носење маска – освен во јавниот превоз и во здравствените установи – и препораките за работа од дома.

Тие ги поништуваат и ковид сертификатите

Се укинува и задолжителното покажување на ковид потврда на поголемите собири, ограничувањата на приватните собири и ограничувањата на капацитетот во продавниците на мало и жичарите.

Според федералните власти, епидемиолошката состојба во Швајцарија продолжува да се развива во позитивна насока и „поради зголемениот имунитет на населението, малку е веројатно дека ќе има преоптоварување на здравствениот систем и покрај понатамошните значителни циркулации на вирусот“.

„Сојузниот совет затоа смета дека се исполнети условите за брзо нормализирање на општествениот и економскиот живот“, посочуваат оттаму. Таа алпска земја со 8,6 милиони жители пријавила скоро 12.530 смртни случаи од Ковид од почетокот на пандемијата, што е повеќе од 144 смртни случаи на 100.000 жители. Речиси 69 отсто од населението е целосно вакцинирано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот